The artistic legacy of a Macedonian painter

  • EN
  • MK
  • НАСЛОВНА
  • ЗА АВТОРОТ
    • Биографија
    • Автопортрет
    • Видео галерија
    • Фото галерија
  • ДЕЛА
    • За верата
    • Дон Кихот
    • Пејсажи
    • Мртва природа
    • Портрети
    • Скулптури
  • ИЗЛОЖБА
  • ТЕКСТОВИ
  • НАСТАНИ
    • Учителот и неговите ученици 2019
    • Изложба и монографија 2022/23
  • КОНТАКТ

Текстови

Портретот меѓу дарбата и проклетсвото

  Во сликарската уметност портретот е една од насложените и најтаинствени дисциплини. Низ неа, сликарот – доколку е вистински мајстор – одново го пресоздава својот модел, „крадејќи ја неговата душа“. Таквиот портрет прераснува во слика – сновидение за севкупното неизвесно човеково живеење… „Кога сликам портрет, јас го одгонетнувам раѓањето на мојот модел, детството негово го...

Повеќе

За цртежот

    Се црта со срцето, а не со раката и моливот. Линијата тргнува од утробата на земјата, минува низ душата на живописецот и се упатува кон Бога. * Цртежот е автономна уметност. Тоа што може да се нацрта, не може да се наслика. * И Природата црта: по каменот, по земјата и небото, по...

Повеќе

Верата и сликарството

“На судниот ден ќе се мери само тежината на пролеаните солзи” Емил Сиоран   Од Алтамира до денес, сликарската уметност е во потрага по вистината. Често пати умее да биде повистинита од буквалната вистинитост; таа го осознава не само “религиозниот” сопствен предзнак, туку и оној што го исполнува и го дефинира секое човечко битие, а...

Повеќе

За бојата

Бојата е во непосредна спрега со молитвата. Моли умот, молат срцето и духот, а низ нив предците на живописецот. *** Кога бојата на сликата се раѓа само од страстите се помрачува умот. Во дослух со него таа е божествена убавина. *** Бојата е простор и време; копнеж и страдање; раѓање и смрт во исто време!...

Повеќе

Во потрага по мојот витез на верата

Таа жива книга, прв пат ја прочитав кога бев ученик во уметничкото училиште во Скопје… Тогаш верував дека светлината е посилна од адската темнина. Верував дека душата не е затвореник на телото, туку таа владее со него. (Без сомнеж, може ли човекот да ја очеличи својата вера?) Го слушав мојот професор: Сервантес, тврдеше тој, го...

Повеќе

Молитва

Се будеше и стануваше пред да изгрее сонцето. Ќе го измиеше избразденото, жолто лице со ладна вода, ќе ја исчешлаше сребрената коса од години, болки и разделби со своите деца и така сплетена во плетенка, со патец по средината на главата, мирно и тивко, како свеќа што догорува, ќе застанеше пред иконата. Ќе го запалеше...

Повеќе

Моето ателје

Кај голем дел од луѓето, кога се во прашање сликарот и неговoто ателје, или нивниот взаемен однос, владее едно „чудно” мислење дека тој, работејќи во своето ателје и воспоставувајќи однос кон него „успеал да избега од светот и сам, чекорејќи низ облаци, разговара со таинствени сили”. Верувам дека ваквото „мислење” се должи на „возбудливите приказни...

Повеќе

Кој е мојот свет

Кој е мојот свет…? ​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво. Но мислам дека мое...

Повеќе

За веб страната

Оваа веб страна го претставува творештвото на Владимир Георгиевски и неговиот уметнички одговор, преку слика и збор, на егзистенцијалните прашања врзни со верата, животот, смртта, улогата и суштината на човекот.

Таа е конципирана, поставена и одржувана од неговото семејство, со цел да се сочува и глобално да се прикаже уметничкиот завет на Георгиевски. Постојано ќе биде обновувана со нови содржини.

Subscribe to new content updates

Најнови објави

  • Exhibition-2022-16

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-15

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-14

    28-12-2022 0 Comments

БлагодарностОградувањеУслови
Следете нè

©2018 Владимир Георгиевски – сите права се задржани