The artistic legacy of a Macedonian painter

  • EN
  • MK
  • НАСЛОВНА
  • ЗА АВТОРОТ
    • Биографија
    • Автопортрет
    • Видео галерија
    • Фото галерија
  • ДЕЛА
    • За верата
    • Дон Кихот
    • Пејсажи
    • Мртва природа
    • Портрети
    • Скулптури
  • ИЗЛОЖБА
  • ТЕКСТОВИ
  • НАСТАНИ
    • Учителот и неговите ученици 2019
    • Изложба и монографија 2022/23
  • КОНТАКТ

Posted by Frosina on September 14, 2018 8:56 am / 0 Comments

 

 

Се црта со срцето, а не со раката и моливот. Линијата тргнува од утробата на земјата, минува низ душата на живописецот и се упатува кон Бога.

*

Цртежот е автономна уметност. Тоа што може да се нацрта, не може да се наслика.

*

И Природата црта: по каменот, по земјата и небото, по шумите и планините, по птиците и ѕверовите, по лицето човеково, укажувајќи постојано на тајната на постоењето.

*

И црната линија има боја ако мине низ крвотокот на живописецот.

*

Цртежот е брат на музиката. Секоја линија е еден звук, еден глас, една нота. Ете зошто тој се раѓа во апсолутна тишина, еднаква по својата длабочина на вистинската музика.

*

Кога цртам, осознавам, откривам, пронаоѓам. Тоа е радост пред времето што било, што е и што доаѓа.

*

Низ цртежот се испишува поезијата на нашето око, на нашата рака, на нашето срце. Темелот на таа поезија е нашиот ум.

*

Низ силата на искрениот цртеж трепери светлината на мајчината утроба.

*

Да се нацрта, значи да се доживува елементарниот ритам во светот и човекот во него. Животот ја храни смртта, а смртта го храни животот.

*

Низ живиот цртеж се открива темната волја на раѓањето и смртта!

*

Сите линии се една линија: тоа е онаа на чудото наречено Живот.

*

Низ цртежот патува Битието на живописецот. Овде станува збор за постојани откритија што создаваат единствен и неповторлив јазик на најдлабокото човеково изразување.

ВГ

 

 

Текстот е објавен прв пат во книгата “Дијалози со Владимир Георгиевски”, Надица Смилевска, Дијалог, 2006

Слични дела

TAGS
SHARE
Previous Post
Next Post

За веб страната

Оваа веб страна го претставува творештвото на Владимир Георгиевски и неговиот уметнички одговор, преку слика и збор, на егзистенцијалните прашања врзни со верата, животот, смртта, улогата и суштината на човекот.

Таа е конципирана, поставена и одржувана од неговото семејство, со цел да се сочува и глобално да се прикаже уметничкиот завет на Георгиевски. Постојано ќе биде обновувана со нови содржини.

Subscribe to new content updates

Најнови објави

  • Exhibition-2022-16

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-15

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-14

    28-12-2022 0 Comments

БлагодарностОградувањеУслови
Следете нè

©2018 Владимир Георгиевски – сите права се задржани