Posted by Frosina on / 0 Comments
Кој е мојот свет…?
Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво.
Но мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.