The artistic legacy of a Macedonian painter

  • EN
  • MK
  • НАСЛОВНА
  • ЗА АВТОРОТ
    • Биографија
    • Автопортрет
    • Видео галерија
    • Фото галерија
  • ДЕЛА
    • За верата
    • Дон Кихот
    • Пејсажи
    • Мртва природа
    • Портрети
    • Скулптури
  • ИЗЛОЖБА
  • ТЕКСТОВИ
  • НАСТАНИ
    • Учителот и неговите ученици 2019
    • Изложба и монографија 2022/23
  • КОНТАКТ

Posted by Frosina on August 31, 2018 2:34 pm / 0 Comments

Бојата е во непосредна спрега со молитвата. Моли умот, молат срцето и духот, а низ нив предците на живописецот.

***

Кога бојата на сликата се раѓа само од страстите се помрачува умот. Во дослух со него таа е божествена убавина.

***

Бојата е простор и време; копнеж и страдање; раѓање и смрт во исто време!

***

Низ живата боја на платното ја допираме вечната светлина; длабоката тага и огнената љубов. Ја допираме бесмртноста на живописецот низ неговата внатрешна постојана будност.

***

Бојата е музика. Музиката е боја. Тешко на оној живописец во чија душа нема музука.

***

Сé што е околу мене и во мене има своја сопствена боја. Моја задача е да ја будам и да ја откријам. Постојано гледаме, а толку ретко можеме да видиме…

***

Често сликам надвор; езеро, планини, шуми, небо и облаци. Во тој миг вечноста е пред мене. Со која боја да ja задржам во себе? Со жолтата, црвената или сината? Или, можеби со бесшумниот молскавичен лет на шареното пиле што пролета во мене?

***

Ја сликав елката сред снегот. Возвишена духовна елеганција во зелено! Долго на палетата ја барав нејзината душа. Таа сé повеќе се оддалечуваше… И тогаш во еден миг се нурнав во себе и таму во некој кат го здогледав зеленото кадифе на мајка ми како таинствено ми се насмевнува. Елката на мојата слика, оживеа, прошепоти и замириса…

***

И смртта има своја боја: цвеќе, жолти свеќи, лажна свила, солзи без сол, музика во униформа.

‘Ние нема да умреме, а ќе се видоизмениме’, запиша Апостолот. Која боја живее во неговиот аманет?

ВГ

 

Текстот е објавен прв пат во книгата ‘Дијалози со Владимир Георгиевски’, Надица Смилевска, Дијалог, 2006

Слични дела

No related posts.

TAGS
SHARE
Previous Post
Next Post

За веб страната

Оваа веб страна го претставува творештвото на Владимир Георгиевски и неговиот уметнички одговор, преку слика и збор, на егзистенцијалните прашања врзни со верата, животот, смртта, улогата и суштината на човекот.

Таа е конципирана, поставена и одржувана од неговото семејство, со цел да се сочува и глобално да се прикаже уметничкиот завет на Георгиевски. Постојано ќе биде обновувана со нови содржини.

Subscribe to new content updates

Најнови објави

  • Exhibition-2022-16

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-15

    28-12-2022 0 Comments

  • Exhibition-2022-14

    28-12-2022 0 Comments

БлагодарностОградувањеУслови
Следете нè

©2018 Владимир Георгиевски – сите права се задржани