Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942.
Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади ’25 мај’).
Меѓу 1980 и 2012 беше професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје. Една деценија во 1990тите, предаваше и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Беше професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.
Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројни театарски претстави и неколку домашни играни филмови.
Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколку пати е наградуван и за неговата работа во театар.
Негово дело, портрет на Ф.М. Достоевски, рељеф, е поставено во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт-Петерзбург во ноември 2012.
Почина во родниот град, на 25 мај 2017.
Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа.
Изложби:
2016 Скопје, Музеј на град Скопје
2014 Скопје, Галерија Ел Греко
2013 Скопје, Издавачка куќа Матица
2011 Скопје, Музеј на град Скопје
2010 Софија, Галерија Шипка 6
2010 Санкт Петерсбург, Меморијален музеј на Ф. М. Достоевски
2005 Киев, Универзитетска библиотека
2004 Рим, Министерство за надворешни работи
2003 Истанбѕл, Универзитет Мимар Синан
2003 Охрид, Галерија Уранија
2003 Скопје, Национална и универзитетска библиотека ‘Климент Охридски’
2002 Скопје, Македонска Академија на науки и уметности
2000 Охрид, Галерија Икока
1997 Белград, Галерија Моша Пијаде
1997 Скопје, Национална галерија Даут Пашин Амам
1995 Истанбул, Центар Меркез
1995 Скопје, Музеј на град Скопје
1991 Виена, Die Kleine Galerie
1991 Скопје, Национална галерија Даут Пашин Амам
1989 Скопје, Национална галерија Даут Пашин Амам
1983 Скопје, Национална галерија Даут Пашин Амам
1980 Белград, Галерија при Коларчев Народен Универзитет
1978 Скопје, Центар за култура и информации
1977 Скопје, Музеј на современа уметност
1977 Белград, Галерија Моша Пијаде
Награди:
2017 – Факултет за аудио-визуелни уметности Скопје, Р. Македонија – Doctor Honoris Causa
2014 – Влада на Република Македонија, Државна награда “23 октомври” за животно остварување во полето на културта и уметноста
2014 – ОСТЕН – Награда за животно остварување во сферата на уметноста
2012 – Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” – награда за животно остварување во полето на театарот
1995 – Награда за најдобра сценографија на Македонскиот театарски феситвал ‘Војдан Чернодрински’ за претставата ‘Розенкранц и Гилденстерн се мртви’
1992 – Награда за најдобра сценографија на Македонскиот театарски фестивал ‘Војдан Чернодрински’, за претставата ‘Стари фотографии’
1991 – Награда за најдобра сценографија, за претставата ‘Крвави свадби’ на Театарот “Пралипе” (Theater an der Rhur, Северна Рајна Вестфалија, Германија)
1975 – Стериина награда за најдобра сценографија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата “Јане Задрогаз” Белград
Награда за најдобра сценографија на Босанско-херцеговски смотри, за претставата “Глорија”
Види АВТОПОРТРЕТ ВИДЕО ГАЛЕРИЈА ФОТО ГАЛЕРИЈА